Арвида Бистрем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арвида Бистрем (родена на 4 октомври 1991 година) - шведска уметница, која е главно позната како фотограф и модел.
Ран живот
Арвида Бистрем е родена на 4 октомври 1991 година, во близина на Стокхолм .
Уметност и фотографија
Бистрем почнала да фотографира на 12-годишна возраст со дигитален фотоапарат и направила многу селфиња за „да ја дознае вистината за тоа како те гледа светот“.[1] Првично инспирирана од Тамблер, таа почнала да објавува слики и да учествува во заедница на женски уметници кои ја доведуваат во прашање женственоста и родовите стандарди.[1]
Бистрем потоа се преселила во Лондон за да стане понезависна.[1] Таа ја направила својата прва модна серија за Монки.[2]
Бистрем претставила некои од нејзините фотографии во Бејб - книга објавена во мај 2015 година.[3]
Бистрем го истражува сопствениот идентитет како квир жена и ги доведува во прашање сексуализираните женски тела. Заедно со уметникот Моли Сода, составила книга за цензурата на Инстаграм, наречена Слики или тоа не се случи: Слики забранети од Инстаграм. Книгата била објавена во март 2017 година и прикажува претежно слики од женски тела кои Инстаграм ги отстранил.[4][5][6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads