Канадски Арктички Архипелаг
архипелаг во Канада From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Канадски Арктички Архипелаг (англиски: Canadian Arctic Archipelago, француски: Archipel arctique canadien) или само Арктички Архипелаг — островска група која лежи на север од копнена Канада.
Архипелагот е сместен во крајниот северен дел на Северна Америка и зафаќа околу 1.424.500 км2. Се состои од 36.563 острови во Северноледениот Океан и сочинува најголем дел од територијата на Северна Канада — речиси цел Нунавут и дел од Северозападните Територии.[1] Канадскиот Арктички Архипелаг почнува да трпи извесни последици од глобалното затоплување,[2][3] при што некои проценки целат дека стопениот мраз од островите ќе го покачат морското ниво за 3,5 см до 2100 г.[4]
Remove ads
Историја
Британија полагала право на островите поради откритијата на морепловецот Мартин Фробишер во 1570-тите. Канада првично (1870–80) имала суверено право само на оние делови од островите што чии водотеци се сливаат во подводната Фоксова Котлина, Хадсоновиот Залив и Хадсоновиот Проток. ВО 1880 г. Британија ги предала сите острови во канадска сопственост.[5]. Канада вели дека сите водни патишта по Северозападниот Премин се канадско владение, но САД и највеќето поморски земји ги сметаат за меѓународни води. Спорот со премините во Канада неглегува во полето на екологијата и државната безбедност, како и општата сувереност на земјата. Хансовиот Остров во Нерсовиот Проток источно од островот Елсмир се предмет на територијален спор меѓу Канада и Данска.
Remove ads
Географија


Архипелагот се протега 2.400 км надолжно и 1.900 км од канадското копно до ’ртот Колумбија, најсеверната точка на островот Елсмир. На запад се граничи со Бофортовото Море, на северозапад со Северноледениот Океан, на исток со Гренланд, Бафиновиот Залив и Дејвисовиот Проток; јужно од островите се наоѓаат Хадсоновиот Залив и континентална Канада. Разните острови се поделени едни од други со овие премини со збирен незив Северозападниот Премин. Како северно продолжение на континенталната канадска територија се јавуваат два големи полуострова — Бутија и Мелвил.
Архипелагот опфаќа вкупно 36.563 острови, од кои 94 важат за поголеми (преку 130 км2), и заземаат вкупна површина од 1.400.000 км2.[6] Следат најголемите острови, со површина од барем 10.000 км2:
* СТ = Северозападни Територии, НУ = Нунавут
По Гренланд, архиеплагот е најголеата поларна област во светот. Климата е арктичка, а теренот е тундра, со исклучок на планинските подрачја. Највеќето острови се ненаселени; населените се наоѓаат на југот и имаат мошне мали и крајно раштркани инуитски населби по крајбрежјата.
Remove ads
Список и карта
|
|
Острови вон картата
На карта
- ^карта 1 Крал Кристијан, 77°45′N 102°00′W
- ^карта 2 Борден, 78°33′N 111°10′W
- ^карта 3 Лохид, 77°24′N 105°15′W
- ^карта 4 Брок, 77°51′N 114°27′W
- ^карта 5 Мекензи Кинг, 77°43′N 111°57′W
- ^карта 6 Хелена, 76°40′N 101°00′W
- ^карта 7 Камерон, 77°48′N 101°51′W
- ^карта 8 Емералд, 76°48′N 114°07′W
- ^карта 9 Принц Патрик, 76°45′N 119°30′W
- ^карта 10 Ваније, 76°10′N 103°15′W
- ^карта 11 Еглинтон, 75°46′N 118°27′W
- ^карта 12 Александар, 75°52′N 102°37′W
- ^карта 13 Батхерст, 75°46′N 099°47′W
- ^карта 14 Мелвил, 75°30′N 111°30′W
- ^карта 15 Бајам Мартин, 75°12′N 104°17′W
- ^карта 16 Бенкс, 73°00′N 121°30′W
- ^карта 17 Стефансон, 73°30′N 105°30′W
- ^карта 18 Расел, 74°00′N 098°25′W
- ^карта 19 Принц од Велс, 72°36′N 098°32′W
- ^карта 20 Прескот, 73°03′N 096°49′W
- ^карта 21 Сомерсет, 73°15′N 093°30′W
- ^карта 22 Викторија, 71°00′N 110°00′W
- ^карта 23 Крал Вилијам, 68°58′N 097°14′W
- ^карта 24 Мети, 69°28′N 095°40′W
- ^карта 25 Велс, 68°01′N 086°40′W
- ^карта 26 Белчер, 56°20′N 079°30′W
- ^карта 27 Лонг, 54°52′N 079°25′W
- ^карта 28 Акимиски, 53°00′N 081°20′W
- ^карта 29 Чарлтон, 52°00′N 079°26′W
- ^карта 30 Елсмир, 79°49′N 078°00′W
- ^карта 31 Миен, 79°59′N 099°30′W
- ^карта 32 Аксел Хајберг, 79°26′N 090°46′W
- ^карта 33 Елеф Рингнес, 78°37′N 101°56′W
- ^карта 34 Амунд Рингнес, 78°19′N 096°25′W
- ^карта 35 Корнвол, 77°37′N 094°52′W
- ^карта 36 Греам, 77°26′N 090°30′W
- ^карта 37 Северен Кент, 76°40′N 090°15′W
- ^карта 38 Бејли-Хамилтон, 75°53′N 094°35′W
- ^карта 39 Мал Корнволис, 75°30′N 096°30′W
- ^карта 40 Корнволис, 75°05′N 095°00′W
- ^карта 41 Девон, 75°15′N 088°00′W
- ^карта 42 Бајлот, 73°13′N 078°34′W
- ^карта 43 Бафинова Земја, 69°00′N 072°00′W
- ^карта 44 Јенс Мунк, 69°40′N 079°40′W
- ^карта 45 Кох, 69°35′N 078°20′W
- ^карта 46 Бреј, 69°20′N 077°00′W
- ^карта 47 Роули, 69°05′N 078°52′W
- ^карта 48 Фоли, 68°30′N 075°00′W
- ^карта 49 Ер Форс, 67°58′N 074°05′W
- ^карта 50 Принц Чарлс, 67°45′N 076°00′W
- ^карта 51 Ванситарт, 65°50′N 084°00′W
- ^карта 52 Вајт, 65°46′N 084°53′W
- ^карта 53 Саутхептон, 64°30′N 084°30′W
- ^карта 54 Резолушн, 61°35′N 065°00′W
- ^карта 55 Локова Земја, 62°26′N 064°38′W
- ^карта 56 Акпаток, 60°25′N 068°08′W
- ^карта 57 Биг, 62°43′N 070°43′W
- ^карта 58 Солсбери, 63°35′N 077°00′W
- ^карта 59 Нотингем, 63°17′N 077°55′W
- ^карта 60 Мансел, 62°00′N 079°50′W
- ^карта 61 Коутс, 62°35′N 082°45′W
- ^карта 62 Бичи, 74°43′N 091°51′W
- ^карта 63 Војвода од Јорк, 68°15′N 112°30′W
- ^карта 64 Гејтсхед, 70°35′N 100°25′W
- ^карта 65 Хејг-Томас, 78°15′N 094°30′W
- ^карта 66 Хансов Остров, 80°49′N 066°27′W
- ^карта 67 Килиник, 60°22′N 064°37′W
- ^карта 68 Џени Линд, 68°43′N 101°58′W
- ^карта 69 Отава, 59°34′N 080°16′W
- ^карта 70 Принц Леополд, 74°01′N 090°04′W
- ^карта 71 Скрелинг, 78°55′N 075°40′W
- ^карта 72 Тродли, 52°14′N 079°26′W
- ^карта 73 Вестон, 52°32′N 079°35′W
Remove ads
Поврзано
- Северозападен Премин
- Кралица Елизабета — група најсеверни острови во архипелагот
- Список на острови во Канада
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
