Арлберг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Арлбергmap
Remove ads

Арлберг - планински масив меѓу Предарлска и Тирол во Австрија.

Кратки факти Арлберг, Надм. вис. ...

Највисокиот врв е „Валуга“ со 2.811 m. Името Арлберг произлегува од традицијата на „Арленбурзите“ кои некогаш се населиле на тиролската страна од Арлбершкиот превалец (1793 m надморска висина). Нема планина со име „Арлберг“. Популарни места и познати ски-центри во Арлберг се Лех, Цирс, Штубен, Сент Кристоф и Сент Антон.

Remove ads

Превои и Арлбершкиот тунел

Превалецот бил познат уште во 14 век во форма на тесна коњска патека кога луѓето во областа почнале да тргуваат со сол. Бидејќи Арлберг бил многу слабо развиен, со векови трговците го заобиколувале и оделе преку Ферн Пас и Именштат. Развојот на текстилната индустрија и поштенската услуга довеле до воспоставување на патишта во 1824 година.

Со развојот на моторниот сообраќај во 20 век тие станале несоодветни. Било решено да се изгради тунел долг 14 km меѓу Ланген и Сент Антон. Работите почнале на 5 јули 1974 година и тунелот бил пуштен во сообраќај на 1 декември 1978 година. Поминувањето низ тунелот се наплаќа додека за поминување по стариот пат не се наплаќа патарина. Особеност на тунелот е што всушност се состои од два тунела.

Remove ads

Арлбершка железница

Арлбершката железница ги поврзува Инсбрук и Блуденц. Меѓу Сент Антон и Ланген минува ни Арлбершкиот тунел долг 10,25 km.

Thumb
Глетка од Шиндлершпице

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads