Арсенчо Алексовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Арсенчо Алексовски
Remove ads

Арсенчо Алексовски (12 јануари 1961, Неготино) бил поранешен градоначалник на Општина Крива Паланка.

Кратки факти Арсенчо Алексовски, Градоначалник на Општина Крива Паланка ...
Remove ads

Образование

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1986 година.

Кариера

Ја започнува својата кариера како раководител на правната служба во Шумското стопанство „Осогово“ во Крива Паланка, каде што совесно и професионално ја вршел својата дејност сè до 1991 година.

Од 1991 до 1993 работи како инспектор во МВР, по што се вработува во Траншпед комерц, како раководител на филијалата „Деве Баир“, на која позиција останува сè до 2006 година.

Потоа формира сопствена компанија – Траншпед Трејд ДООЕЛ – Скопје, која до ден денес успешно работи и функционира, а во неа има вработено околу 40 лица.

Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година и е прв претседател на општинскиот комитет во Крива Паланка. Во повеќе пати бил делегат на конвенции и конгреси на партијата. За време на парламентарните избори 2006 година бил шеф на општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите 2008 година бил заменик шеф на изборниот штаб во Крива Паланка.

Во 2009 година станува градоначалник на Општина Крива Паланка, а го добива и вториот мандат во 2013 година.

Remove ads

Живот

Оженет е со Лидија Алексовска и има три деца.

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads