Архимандрит
монашки чин во православието From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Архимандрит[1][2] (грчки: αρχή - над и μάνδρα – трло, стадо) – (оној кој го надгледува стадото - Исус Христос често за верниците го користи синонимот стадо како симбол на невиноста и честитоста) највисокиот монашки презвитерски чин во православните цркви.

Овој чин соодветствува на мирскиот презвитерски чин протојереј-ставрофор.
Remove ads
Историја
Во Византиската црква, архимандрит се сретнува од почетокот на V век. Во почетокот бил старешина на неколку манастири, а подоцна ова било почесна ознака за игумените или старешините на најугледните манастири. Во поново време, овој чин им се дава на заслужните свештеномонаси на постари години, не толку по угледот на манастирот, колку како благодарност за жртвата која ја дале за напредок на црковниот живот и црквата.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads