Арја Старк

From Wikipedia, the free encyclopedia

Арја Старк
Remove ads

Арја Старкизмислен лик создаден од страна на американскиот автор Џорџ Р.Р. Мартин. Таа е истакнат лик во наградуваната серија на Мартин, Песна за мраз и оган, и исто така е главен лик во адаптацијата на серијата на HBO, Игра на тронови. Таа е единствен лик што има поглавја во секоја објавена книга од серијалот.

Кратки факти Арја Старк, Прво појавување ...

Арја е помладата ќерка на Нед Старк и неговата сопруга Кетлин Старк. Таа е тврдоглава, независна, ја презира традиционалната женска улога, и често погрешно ја сметаат за машко. Има меч кој го вика „Нидл“ (игла), подарок од Џон Сноу, и тренирала борба со меч во стилот Бравоси.

Во ТВ-серијата Игра на тронови Арја ја глуми Мејси Вилијамс.[1][2] Нејзината глума е поздравена од критиката, посебно во втората сезона од серијата, каде глуми заедно со глумецот Чарлс Денс (Тајвин Ланистер) кога е во служба кај него како пехарник.[3] Арја Старк се вбројува меѓу популарните ликови и во серијата и во книгите.[4][5] Вилијамс за оваа улога е номинирана за награда Еми во 2016 година.[6]

Remove ads

За ликот

Thumb
Облеката што ја носи Арја и нејзиниот придружник во ТВ серијата

Арја е трето дете и помлада ќерка на Нед и Кетлин Старк. Речено е дека наликува на нејзината тетка Лијана Старк според темпераментот.[7] На почетокот на серијата, често ја сметаат за машко, но во книгите на неколку места е споредена со убавата Лијана,[7] и речено е дека машките ја загледуваат поради тоа. Има моќ во сон да раководи со својот волк „Нимерија“.[8]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads