Асоцијација на тениските професионалци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Асоцијацијата на тениските професионалци или скратено АТП е основана во 1972 година од Џек Кремер, Доналд Деф и Клиф Дрисдејл за да ги заштити интересите на машките професионални тенисери. Од 1990 година, здружението ја организира светската тениска турнеја за мажи под називот АТП турнеја (ATP Tour), која во 2001 година го променила називот во АТП, но во 2009 година името повторно било променето во светска тениска турнеја за мажи позната под називот АТП светска турнеја (ATP World Tour)[1] Оваа промена произлегува од еволуцијата на турнирите кои претходно биле познати под називите Гран при тениски турнири и Светско тениско првенство.

Кратки факти

Извршното тело на АТП се наоѓа во Лондон. АТП Америка е стационирано во Понто Ведра, Флорида, САД; АТП Европа се наоѓа во Монако; а АТП Интенационал, кое ги покрива Африка, Азија и Австралија се наоѓа во Сиднеј.

Организација за женските професионални тенисерки се вика Женска Тениска Организација.

Remove ads

АТП Турнеја

Thumb
Старото лого

АТП Турнејата ја сочинуваат натпреварите на Гренд Слемовите, АТП Мастерс 1000, АТП Мастерс 500, АТП Мастерс 250, АТП Челенџер серијата и Фјучерс турнирите. АТП исто така ги организира Светскиот Тимски Куп, кој се игра во Диселдроф и АТП Чемпионс Тур.

Деталите за професионалните тениски турнири се:

Повеќе информации Настан, Број ...
Remove ads

Рангирање

АТП го објавува неделното рангирање на професионални тенисери, АТП Рангинг, 52-неделно рангирање, а до 2009 и АТП Трка, годишно рангирање. Ова рангирање се користи за одредување на учесниците и носителите во сингл или дабл. Рангингот трае 52 недели, каде бодовите се собираат, со осклучок на оние освоени од претходната сезона на следниот турнир. Играчот со најмногу бодови на крајот од сезоната е прогласен за 'Светски Рекет број 1 на годината. На стартот од 2009 сезона, сите собрани бодови се дуплираа за да се согласат со новиот систем на рангирање.

АТП Трката беше трка од почетокот на сезоната до нејзиот крај и беше запрена во 2009[2]. Секој играч започнува да собира бодови од почетокот на сезоната. На крајот од сезоната, АТП Трката одлучува кои натпреварувачи и тимови (првите осум за сингл и првите четири за дабл) ќе играат на Тенискиот Мастерс Куп, сега преименуван во Финале на Светскиот Тур.

Моментално рангирање

Повеќе информации АТП ранг листа (поединечно), од 12 септември 2022, # ...

Промени од минатонеделното рангирање

Remove ads

Поврзано

Светска турнеја на АТП 2010

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads