Астероид од типот S
класа на астероиди From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Астероиди од типот S — астероид од спектрален тип кој се одликува со силициум-диоксиден (каменест) минералошки состав. Околу 17 % од астероидите се од овој тип, што ги прави втори по застапеност по јаглеродните (тип C).

Особености
Ваквите астероиди обично имаат албедо од 0,20[1] и се умерено сјајни, сочинети претежно од железни и магнезиумски силикати. Преовладуваат во внатрешниот дел на астероидниот појас во рамките на 2,2 ае, а чести во средиштето на појасот до 3 ае, но понатаму стануваат поретки. Најголем е 15 Евномија (широк 330 км), по што следат 3 Јунона, 29 Амфитрита, 532 Херкулина и 7 Ирида. Најголемите од нив се видливи со двоглед 10×50; насјајниот (7 Ирида) понекогаш надминува +7,0 во сјајност, што му дава најголема величина од сите астероиди освен необично отсјајната 4 Веста.
Нивниот спекатар има умерено стрмна косина на бранови должини помали од 0,7 микрометри (μм), со умерени до слаби впивни особини околу 1 и 2 μм. Впивноста од 1 μм го означува присуството на силикати (каменест минерали). Наретко има широка, но плитка впивна особина сосредоточена околу 0,63 μм. Составот на овие астероиди е сличен на низа каменести метеорити кои делат слични спектрални особености.
Remove ads
Класификација
Класифијација по SMASS
Во класификацијата по SMASS, неколку начелно „каменести“ типови на астероиди се ставаат заедно во поширока група S, опфаќајќи ги следниве типови:
Толенова класификација
Во Толеновата класификација, типот S е мошне широка група која ги содржи сите типови од групата по SMASS освен A, Q и R, кои имаат особено изразени „каменести“ впивни особини околу 1 μм.
Каменести астероидни семејства
Поважни каменести астероидни семејства со нивните типични албеда се:[1]
- Евномиино семејство (0,21)
- Еосово семејство (0,14)
- Коронидино семејство (0,24)
- Нисино семејство (0,20)
- Флорино семејство (0,24)
- Фокеино семејство (0,23)
Remove ads
Поврзано
Наводи
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads