Астрафобија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Астрафобијата, позната и како астрапофобија, бронтофобија, кераунофобија или тонитрофобија, е абнормален страв од гром и молња или неоправдан страв од расфрлани и/или изолирани грмотевици, еден вид специфична фобија. Тоа претставува фобија која може да се лекува, а можат да ја развијат и луѓето и животните. Терминот астрафобија е составен од грчките зборови ἀστραπή (astrape; молња) и φόβος (phobos; страв).

Remove ads

Третман

Најшироко користен и можеби најефективниот третман за астрафобија е изложувањето на молња и на крај градење на имунитет. Некои други методи на лекување вклучуваат когнитивна бихејвиорална терапија (CBT)[1] и дијалектичка бихејвиорална терапија (DBT). Пациентот во многу случаи ќе добие инструкции да повторува одредени фрази за смирување за време на бура. Вежбите за длабоко дишење можат да го зајакнат овој напор.

Remove ads

Кај животни

Кучињата можат да покажат силна вознемиреност за време на молња; се засегнати помеѓу 15 и 30 проценти од кучињата.[2] Истражувањата потврдуваат дека високите нивоа на кортизол - хормон поврзан со стресот - влијае на кучињата за време на и по грмотевици.[2] Третманите вклучуваат бихејвиорални терапии, како што се контратренирање и десензибилизација, лекови против анксиозност и феромон за смирување на кучињата, синтетички аналог на хормонот кој се лачи од доилките на кучињата после породување.[3]

Истражувањата покажуваат дека и мачките можат да ја имаат оваа фобија. Иако е поретко, некои мачки се кријат под маса или зад кауч за време на невреме со молња.[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads