Атанас Ченгелев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Атанас Димитров Ченгелев (Ченгелов) е бугарски просветен деец, директор на Солунската бугарска машка гимназија,[1] педагог, специјалист по тутун. Тој е првиот Бугарин експерт по тутун со вишо агрономско образование.[2]

Биографија

Атанас Ченгелев бил роден на 30 август 1867 година во село Плевна, Драмско, во семејството на чорбаџи Димитар Ченгелев (Ченгенеолу). Атанас завршил основно образование во 1879 година во бугарското училиште во родното село.[3] Ја завршил Софиската класична гимназија во учебната 1885/1886 година.[4][3] Во 1888 година завршил агрономство во земјоделската академија во Табор, Чешка.[5][3][6] Во 1897 година влегол во управниот совет на новосоздаденото Бугарско благодетелно братство „Милосрдие“ во Солун. Истата година станал учител во Солунската бугарска машка гимназија.[4]

Меѓу 1897 и 1899 година Ченгелев бил директор на Солунската бугарска машка гимназија[7], а во 1905 година бил ранет од грчки андарти.[8] На 1 септември 1899 година е назначен во Битолската бугарска класична гимназија, каде што предавал хемија.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads