Африканска златна мачка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Африканска златна мачка
Remove ads

Африканска златна мачка — грабливец кој припаѓа на семејството мачки, исто како и Азиската златна мачка, но Африканската е поблиска до каракалот и сервалот. Должината на телото нејзино е од 61 до 102 cm, а на опашката - 16–35 cm. Висока е околу 38–55 cm со тежина 4–16 кг. Времетраењето на нивниот живот е околу 21 години. Популацијата на видот е намален.

Кратки факти Африканска златна мачка, Заштитен статус ...
Remove ads

Распространетост

Африканската златна мачка живее во прашумите на еквадорот во Африка: во Сенегал, Нигерија, Нигер, Република Конго, Демократска Република Конго и Руанда, а најјужно живее во Ангола. Неа ѝ штети негативното делување на човекот, на пример, намалување на површината на прашумата.

Опис

Thumb
Кожа од африканска златна мачка

Има тежина од 11 до 14 килогрми, телото е од 60 до 102 см, со додаток од 16-46 см на должина на опашката. Висината е од 38 до 51 см. Африканска златна мачка е околу двапати поголема од домашната мачка. Тоа е силна мачка, со подолги нозе. Се јавува во две основни бои: сива и златна. Стомакот, вратот, брадата и образите секогаш се посветли од остатокот на телото. Можат да бидат и со бела боја. Опашката е потемна и завршува со црн врв. Околу 4% од популацијата е потполно црна. Во Западна Африка, можат да имаат дамки на целото тело или само на грбот, нозете и вратот.

Remove ads

Размножавање

Во најголем дел бременоста трае 75-78 дена, и се раѓаат едно или две мачиња, кои растат брзо и веќе одбиваат да цицаат на 6 неделна старост. Сексуално се зрели од околу 18 месеци. Живеат до 15 години.

Тие се активни ловци. Лесно можат да се качуваат. Ловат глодачи и птици, исто така можат да фатат мала антилопа, понекогаш ловат мали мајмуни. Според некои извори, напаѓаат стока и живина.

Постојат два подвида:

  • P. a. aurata Temminck, 1827
  • P. a. cottoni Lydekker, 1907

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads