Ахмед Вефик-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ахмед Вефик-паша (османско турски: احمد وفیق پاشا) (3 јули 1823 година, Цариград – 2 април 1891 година, Цариград), бил отомански државник, дипломат, научник, драматург и преведувач за време на периодите на Танзиматот и Првата уставна ера.[1] Тој бил овластен со врвни владини должности, вклучително и претседател на првиот османлиски парламент во 1877 година.[2] Исто така, тој работел како Голем везир за два кратки периоди. Вефик го основал и првиот отомански театар[3] и ги иницирал првите театарски претстави во западен стил во Бурса и ги преведол главните дела на Молиер. Неговиот портрет бил прикажан на поранешна турска поштенска марка.[4]

Remove ads
Животопис
Ахмед Вефик-паша има грчко потекло,[5][6][7][8][9][10][11] неговите предци претходно се преобразиле во ислам, како и многу други грчки муслимани, особено од Крит (Критски Турци), и јужниот (егејскиот) дел на Македонија (поточно во југозападниот дел на Македонија) познати како Валахади. Своето образование го започнал во 1831 година во Цариград и подоцна заминал во Париз со семејството, каде што дипломирал на Колеџот Сен Луј.
Ахмед Вефик станал министер за образование на Отоманската империја и Голем везир двапати. Тој изградил театар во Бурса кога бил поставен за гувернер на градот. Во 1860 година, тој станал османлиски амбасадор во Франција. Тој го напишал првиот турски речник и се смета дека е меѓу првите Пан-Туркисти.
Remove ads
Наводи
Дополнителна литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads