Аџина Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Аџина Рекаmap
Remove ads

Аџина Рекарека во Западна Македонија и лева притока на Радика.

Кратки факти Аџина Река, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Реката извира во југозападниот дел на Шар Планина, на надморска височина од 2.000 м. Кон крајот на своето течение, реката е премостена со макадамскиот пат од селото Бродец до караулата Стрезимир, а неколку стотина метри јужно од мостот се влева во Радика од нејзината лева страна, на надморска височина од околу 1.270 м, на местото каде што од десната страна во Радика се влева и реката Штировица.

Хидрографија

Вкупната должина на реката изнесува 8,0 км, додека на сите водотеци во нејзиниот речен слив 34,9 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 36,1 км2 и истото припаѓа на Јадранскиот речен слив. Во текот на летните месеци, речното корито на реката пресушува.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads