А Коруња (покраина)

покраина во Галисија, северозападна Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia

А Коруња (покраина)map
Remove ads

А Коруња (галисиски: A Coruña) или Ла Коруња (шпански: La Coruña) — најсеверозападна покраина на Шпанија и една од четирите кои ја сочинуваат автономната заедница Галисија. Опкружена е од Атлантскиот Океан на запад и север, покраината Понтеведра на југ и покраината Луго на исток.

Кратки факти А Коруња / Ла Коруња A Coruña / La Coruña, Земја ...
Remove ads

Историја

Историјата на покраината започнува некаде на крајот од средниот век, за време на владеењето на католичките кралеви. Во тоа време покраината била значително помала од денес, а денешните граници ги добила дури со територијалното преуредување на Шпанија во 1833 г. кога сета покраина Бетансос и половината од Мондоњедо биле споени во една, со главен град А Коруња.

Оттогаш А Коруња е покраина со најголемо население и најголд брег во Галисија. Сè до втората половина на XX век, покраината била духовно и културно средиште на сиот регион. Универзитетот на Сантјаго де Компостела бил единствениот во северозападна Шпанија сè до смртта на Франциско Франко.

Remove ads

Главни знаменитости

Од исклучително значење е катедралата „Сантјаго де Компостела“ како крајно одредиште на познатиот Пат за Сантјаго — важен историски пат за поклонение на Апостол Јаков уште од средновековието. Тука и денес доаѓаат голем број поклоници од најразлични делови од светот.

Паркови

  • Национален парк Атлантски острови на Галисија[2] — единствениот национален парк во Галисија. Зафаќа делови од покраините А Коруња и Понтеведра.
  • Еумски шуми — се протега во окрузите Еуме и Ферол.
  • Природен парк Дини на Корубедо (Parque Natural das Dunas de Corrubedo e lagoas de Carregal e Vixán) — плажен парк на самиот крај на полуостровот Барбанса.

Сообраќај

Воздушен сообраќај

  • Аеродром Сантјаго де Компостела
  • Аеродром А Коруња - Алведро
  • Хелидром Грања (Феролтера)
  • Хелидром Нарон (Феролтера)

Железнички сообраќај

  • Државна железничка мрежа на Шпанија (RENFE) — ги поврзува сите поважни градови: Ферол, Бетансос, А Коруња и Сантјаго де Компостела
  • Шпански теснолинејки (FEVE) — го поврзува Ферол со разни населени места во Ортегал. Оди и до Ирун во Баскија.
  • Шпанска големобрзинска железничка мрежа (AVE) — ги поврзува поважените градови на покраината со Лисабон и Мадрид.
Remove ads

Стопанство

Пристаништа

Thumb
Пристаништето во А Коруња

Поврзано

  • Список на општини во А Коруња

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads