Баден-Виртемберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Баден-Виртемберг (германски: Baden-Württemberg) — сојузна покраина во југозападна Германија, источно од горниот тек на реката Рајна. Ова е трета по големина покраина (по површина и по население) од вкупно шеснаесетте покраини, со површина од 35,742 км2 и 10,7 милиони жители. Главен град е Штутгарт.
Remove ads
Географија
Покраината граничи со Швајцарија на југ, со Франција на запад и со германските покраини Рајнска област-Пфалц, Хесен и Баварија.
Поголеми градови во Баден-Виртемберг се Штутгарт, Манхајм, Карлсруе, Фрајбург, Хајделберг, Хајлброн, Лудвигсбург, Улм, Тибинген, Пфорцхајм и Ројтлинген.
Реката Рајна ги образува западната, како и поголеми делови од јужната граница. Шварцвалд (герм. Црна Шума) — главниот планински венец на покраината, кој започнува од исток од долината на Рајна. Баден-Виртемберг ги дели Боденското Езеро и ограноците од Алпите со Швајцарија.
Дунав извира од Баден-Виртемберг, во близина на градот Донауешинген, кај месноста Фуртванген на Шварцвалд.
Remove ads
Административна поделба
Баден-Виртемберг е поделен на 35 окрузи, групирани во четири административни подрачја (владини окрузи): Фрајбург, Карлсруе, Штутгарт и Тибинген.
|
|
|

Исто така постојат и девет слободни градови кои не припаѓаат на ниту една област:
Remove ads
Историја
Сојузната покраина се состои од историските држави Баден, Хоенцолерн и Виртемберг.
По Втората светска војна, сојузниците воспоставиле три единици: Виртемберг-Баден (окупиран од САД), Виртемберг-Хоенцолерн (Франција) и Баден (Франција). Во 1952 година, овие единици се спојуваат со што ја образувааат денешната Баден-Виртемберг; Уставот од 1949 содржела специјална клаузула (Член 118) која го овозможила спојувањето на единиците.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads