Бабинска Река

река во Југозападна Македонија, десна притока на Црна Река From Wikipedia, the free encyclopedia

Бабинска Рекаmap
Remove ads

Бабинска Река (позната и како Базерничка Река или Мала Река) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води се богати со охридска пастрмка со црвени точки. Тие исто така претставуваат извор за производство на електрична енергија.

Кратки факти Бабинска Река Базерничка РекаМала Река, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Реката извира на Плакенска Планина, на надморска висина од 1.902 м. Нејзиното течение понатаму се спушта по падините на планината, поминува низ селата Базерник и Бабино, по што се влева во Црна Река.[1]

Рибарство

Бабинска Река е богата со охридска пастрмка со црвени точки. Во атарот на селото Бабино се наоѓа истоимениот рибник „Бабино“. Рибникот е сместен меѓу два зелени речни брега, каде што извира вода со капацитет од 30 до 200 литри л/с. Неговиот капацитет е годишно производство на пастрмка од 80.000 кг. Рибникот претставува туристичка атракција во демирхисарскиот крај и е посетуван особено во летниот период.[2]

Remove ads

Енергетика

По течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Мала Река“ со моќност од 270 KW.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads