Базилика Свети Јован Латерански
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црквата Свети Јован Латерански (италијански :Basilica di San Giovanni in Laterano) е црква која се наоѓа во Рим, Италија. Црквата е една од најстарите базилики во Рим, изградена во 324 година, и е т.н. матична црква на Римокатоличката црква, како и една од четирите папски базилики во Рим. Нејзин последен архитект е Агостино Валини, изградена со елементи на барокот. Самиот натпис на фасадата, Christo Salvatori, укажува дека црквата е посветена на Христос Спасителот. Местото на црквата се наоѓа надвор од ватиканските граници, територијално во рамките на градот Рим.
Денеска, Сан Џовани Латерано претставува катедрална црква, бидејќи во неа се наоѓа седиштето на Римскиот епископ или папата, како и неговиот престол.
Според легондата, кога Константин I го примил христијанството, тој дворецот го подарил на тогашниот папа. Во 324 година, папа Силвестер I ја осветил новата базилика, а во текот на 10 век за покровител на црквата бил објавен Јован Крстител, а по двесте години, Јован Благослов. во текот на 5 век, Латеранскиот дворец и базилика на неколкупати биле цел на грабежи од страна на Германите. Во 896 година објектот бил погоден од земјотрес, по кое истиот бил реновиран. Во 897 година овде се одржал т.н. Трупов синод, каде Папа Стефан V му ги отсекол трите прста на Папа Формоз и неговото тело го фрлил во реката Тибер.
Моментален архиреј на базиликата е Агостино Валини. Претседателот на Франција, Никола Саркози е прв и единствен канон на базиликата, титула која за првпат му била дадена на Анри IV. Сепак, таа поседува посебен статус, односно е во сопственост на Светата престолнина. Ова е случај и на неколку други базилики во Рим.
Овде биле одржани следните собири на Римокатоличката црква:
- Прв Латерански собор (1123)
- Втор Латерански собор (1139)
- Трет Латерански собор (1179)
- Четврти Латерански собор (1215)
- Петти Латерански собор (1512–1517)
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads