Бакропис

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бакропис
Remove ads

Бакропис[1] (француски: l'eau-forte, германски: radierung, англиски: etching) — графичка техника длабок печат, во која матрицата се подготвува за печатење со помош на хемиско нагризување.

Thumb
Војникот и неговата сопруга. бакропис од Даниел Хопфер, за кого се верува дека е првиот што ја применил техниката на печатење.

Историја

Се претпоставува дека техниката на бакропис била преземена од занаетот за изработка на оружје, каде што била употребувана за украсување на делови од оружјето.

Првите почетоци потекнуваat од почетокот на XVI век, и тоа од работилницата на Даниел Хофер (1471-1536). Најрано датиран бакропис бил „Девојката која ги ниша нозете“ од Урс Граф од 1513 година, изработена на железна плоча затоа што во тоа време не се користел бакар[2].

Албрехт Алтдорфер (1480-1538), ја усовршил оваа техника до совршенство.

Некои од поистакнатите и позначајни графичари кои работеле во оваа техника биле Жак Кало (1592-1635), Антони ван Дајк (1599-1642), Рембрант Херменсон ван Рајн (1606-1669), Жан Ливенс (1607-1674)Франсиско Гоја (1746-1828), Ежен Делакроа (1798-1863), Вилијам Блејк (1757-1827), Теодор Русо (1812-1878), Шарл-Франсоа Добињи (1817-1878), Едгар Дега (1834-1917), Едуар Мане (1832-1883) и Пабло Пикасо (1881-1973).

Remove ads

Метод

На бакарна плоча, претходно добро исполирана, матирана и исчистена, се нанесува слој на битуменскa смола која е отпорна на дејството на киселината. На така подготвената плоча, цртежот се исцртува со остра игла, при што се отстранува заштитниот филм до слојот на металната плоча.

Бакарната плоча се става во раствор на азотна киселина, која го нагризуваа металот на незаштитените (со битумен) места и ги продлабочува трагите од иглата. По вадењето на заштитниот битуменски слој, на исчистената бакарна површина се нанесува печатарска боја. Печатарската боја продира во зарезите од иглата и нагризувањето. Потоа, бојата со бришење се отстранува од плочата при што останува само таа која длабоко продрела во зарезотините од иглата и киселината. Потоа на специјална хартија (во која има процентуално најмногу памук), навлажнета, се става над матрицата и се поставува во специјална преса за длабок печат. Бојата од притисокот се втиснува во омекнатата хартијата оформувајќи го поставениот цртеж. Освен бакарната се користи и цинкана или железна плоча.

Иако слична, оваа техника се разликува од техниката бакрорез. Во техниката бакрорез, цртежот се оформува по механички пат, директно со режење во бакарната плоча со посебен челичен и остар алат, додека при бакрописот цртежот се оформува по хемиското дејство на киселината. И едната и другата техника припаѓаат на техниката на длабок печат[3].

Thumb
Рембрант Херменсон ван Рајн, Богородица и детето со мачка, 1654. Оригинална плоча за гравирање на бакар погоре.
Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads