Балевец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Баловец (наречено и Баловец, Балавце, Балавча или Балавџа; грчки: Κολχικό, Колхико) — село во подрачјето на Лагадина, Егејска Македонија (денес Грција). Населението брои 1.551 жител (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Балевец е село на околу 7 км источно од градот Лагадина и на надморска височина од 130 м . До 1924 г. селото било населено исклучиво со Македонци.
Историја
Стопанство
Балевец традиционално се смета за прилично богато село, произведувајќи големи количества тутун, памук, детелина, градинарски култури и овошје. Добиточниот фонд се состоел од 4.500 овци и 1.000 глави крупен добиток.
Население
Сè до 1924 г, Балевец било сосем македонско село. Како такво Васил К’нчов го споменува со 360, а Бранков со 588 жители, додека во пописот од 1913 г. се води со 1.000, а во 1920 г. со 749 жители. По 1922 г. во селото се населил извесен број на грчки (понтски) доселенички семејства од Мала Азија, но и понатаму продолжил да преовладува македонскиот елемент. Заедно со доселениците, во 1928 г. селото се води со 846, во 1940 г. со 1.268, во 1951 г. со 1.655, во 1961 со 1.676, а во 1971 г. со 1.400 жители.[2]
Денес селото има 1.959 жители. Според Тодор Симовски, денес потомците на староседелските Македонци се побројни од потомците на грчките доселеници.[3]
Remove ads
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Петка“ од 1834 г., прогласена за споменик на културата
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads