Бали комбетар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бали Комбетар (Национален фронт) била албанска националистичка и профашистичка организација, формирана во ноември 1942 г. во Албанија од страна на Италијанците, со помош на квислингот Мустафа Kруја. Организацијата ја раководеле големопоседниците, главно аги и бегови, бајрактари од Северна Албанија. Најважната парола со која добивале највеќе приврзаници била „создавање на голема Албанија“.
За борба против народноослободителните воени единици во Македонија и во Албанија, во март и септември 1943 г. склучиле сојуз со италијанската и германската војска, од кои подоцна добиле оружје и муниција. Кон крајот на 1943 г. го формирале Косовскиот полк. Во Македонија, покрај воените дејства, балистите извршиле многубројни палежи, грабежи, силувања и убиства. Овие акции ги изведувале сами или во координација со италијанските и со германските воени сили. Во Македонија и во Србија биле наполно разбиени во 1944–1945 г.). Постоела сè до капитулацијата на Италија (1943).[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads