Бангсаморо

автономен регион на Филипините From Wikipedia, the free encyclopedia

Бангсамороmap
Remove ads

Бангсаморо, службено: Автономен Регион Бангсаморо во Муслимански Минданао или БАРММ (филипински: Rehiyong Awtonomo ng Bangsamoro sa Muslim Mindanao; англиски: Bangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanao, BARMM; арапски: منطقة بانجسامورو ذاتية الحكم, Minṭaqah Banjisāmūrū dhātiyyah al-ḥukm; Maguindanaon: Dairat nu Bangsamoro sa Muslim Mindanao a pegkamalan i ginawa) — автономен регион на Филипините, сместен во југозападниот дел на островот Минданао.

Кратки факти Бангсаморо باڠسامورو, Автономен Регион Бангсаморо во Муслимански МинданаоRehiyong Awtonomo ng Bangsamoro sa Muslim MindanaoBangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanaoمنطقة بانجسامورو ذاتية الحكم فى مسلمى مينداناو Dairat nu Bangsamoro sa Muslim Mindanao a pegkamalan i ginawa ...

Создаден е како замена за Автономниот Регион во Муслимански Минданао (АРММ), со ратификација на органскиот закон по спроведениот дводелен референдум одржан на 21 јануари и 6 февруари 2019 г. во Западен Минданао. Ратификацијата е потврдена неколку дена подоцна од Изборната комисија на Филипините.

Основањето на Бангсаморо е плод на неколкугодишните мировни преговори помеѓу филипинската влада и неколку автономистички групи; особено истакнати меѓу нив се припадниците на Исламскиот ослободителен фронт Моро (МИЛФ), кои не го признавале АРММ и барале да се создаде регион со поголема самостојност. Во 2014 г. двете страни се согласиле на рамковен договор наречен Сеопфатен договор за Бангсаморо. По низа понатамошни преговори и расправи по извесни одредби на договорот, Конгресот на Филипините донел и ратификувал основен закон за регионот, денес наречен Органски закон за Бангсаморо; законот стапил на сила на 26 јули 2018 г.

И покрај прашањето на уставноста на регионот (поради бараниот парламентарен систем во држава со претседателски систем), судската власт немала приговори против органскиот закон, и потоа е спроведен дводелен референдум. Првиот бил за граѓаните АРММ по прашањето дали тој веднаш да се распушти и замени со Бангсаморо.[4][5][6] Вториот бил за жителите на соседните општини и барангаи во покраините Северен Ланао и Котабато по прашањето на нивното приклучување кон новиот регион.[7][8][9][10] По спроведената втора фаза, 63 барангаи од Котабато ѝ биле предадени на управата на Бангсаморо, зголемувајќи ја неговата територија.[11][7]

Бангсаморо го заменил АРММ како единствениот автономен регион со муслиманско мнозинство на Филипините.[12] Засега е во преодна фаза сè до 2025 г. Управата на Бангсаморо се смета за пробен случај во пошироката дебата околу уставните реформи и федерализмот.

Remove ads

Потекло на името

Неодамна создадената кованица Бангсаморо е изведена од старомалајскиот збор бангса („народ“) и зборот Моро (збирен поим за разните муслимански народности на Филипините, од шпански моро, „Мавар[13]).

Покраини и други единици

Бангсаморо се состои од 3 составни градови, 116 општини и 2.590 барангаи. Иако е дел од Басилан, градот Исабела не е под јурсдикција на автономниот регион. Во Бангсаморо влегуваат и 63 барангаи од Северен Котабато, иако Северен Котабато и нивните матични општини не се под јурисдикција на автономниот регион.[14]

  •    Регионално седиште
Повеќе информации Покраина, Седиште ...
Remove ads

Демографија

Согласно органскиот закон, бангсаморци имаат право да се нарекуваат потомците на жителите на Минданао, архипелагот Сулу и неговите соседни острови присутни на почетокот на шпанската колонизација.[20]

Моро е збирен назив за разни, претежно муслимански народности. Маранајците и Иранунците сочинуваат голем дел од населението на регионот. Магинданајците се мнозинство во Специјалното Географско Подрачје (СГП) на покраината Котабато во регионот Сокксксарген. Таусужаните (Сулуанци), Јаканците и Самците се главни групи на архипелагот Сулу.[21]

Има уште две позначајни малцинства кои живеат во регионот заедно со мнозинството: Лумадите и доселеничките заедници. Лумадите имаат пет позначајни групи, од кои најбројни се Тирурајците.[20] Доселениците се претежно христијани од разни народности како Тагали, Висајци и Кинези.[20][22]

Белешки

  1. Седиште на управата одредено со Органскиот закон за Бангсаморо. Признаено седиште од основањето на Бангсаморо во 2019 г.[1] until it was moved to Parang in Магинданао (денес во Северен Магинданао) in 2023. The regional government still де факто exercise power from the Управниот центар на Бангсаморо во градот Котабато.
  2. Седиште на управата де јуре почнувајќи од средината на 2023 г. согласно Законот за автономија на Бангсаморо бр. 37.[2] Меѓутоа, по регионалната власт допрва треба да основа управен центар во општината, и ова ќе се прави постепено.
  3. Вклучувајќи 63 во Специјалното Географско Подрачје во Котабато
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads