Бардовик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бардовик (германски: Bardowick; Бевик, долногермански: Bewick) — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Remove ads
Географија
Бардовик се наоѓа на левиот брег на реката Илменау, помеѓу Винзен и Линебург. Прераснал како предградие на самиот град Линебург, од кој е оддалечен околу пет километри.
Историја
Местото првпат било споменато во 795 година и бил издигнат во град во 972 година од страна на Ото I. Неговото име доаѓа од племето Лонгобарди.[2]
Во 1146 година била забележана црквата „Св. Петар и Павле“.
Градот бил уништен до темел, со исклучок на црквите, во 1189 година од страна на Хајнрих Лавот. Дотогаш, бил еден од најважните трговски градови во Северна Германија.
Денешната градба на катедралата била подигната помеѓу 1389 и 1485 година.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads