Батрахомиомахија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Батрахомиомахија
Remove ads

Батрахомиомахија (грчки: Βατραχομυομαχία, од βάτραχος, жаба, μῦς, глушец и μάχη, битка) или Битката на Жабите и Глушецот — комичен еп или пародија на Илијадата. Авторството се припишува на Хомер од страна на Старите Римјани, но според Плутарх[1] ова е дело на Пигрес од Халикарнас, брат (или син) на Артемисија, кралицата на Карија и сојузник на Ксеркс. Некои научници денес сметаат дека е дело на анонимен поет од времето на Александар Македонски.[2]

Thumb
илустрација од германско издание на Батрахомиомахија од 1878 година
Remove ads

Содржина

Глушец кој пие вода од езеро го среќава кралот на Жабите, кој го кани кај него дома. Додека кралот Жаба плива преку езерото, Глушецот седи на неговиот грб, се среќаваат со страшната водена змија. Жабата нурнува под вода заборавајќи на Глушецот, кој се удавил. Друг Глушец кој ја видел оваа случка од брегот на езерото, трча да ги извести сите за ова. Глувците се вооружуваат и на кралот Жаба му испраќаат гласник дека стапуваат во војна. Жабите го обвинуваат својот крал, а овој го негира инцидентот.

Во меѓувреме, Зевс гледајќи дека се подготвува војна, им вели на боговите да заземат страни, и посебно Атена да им помага на Глувците. Атена одбива, велејќи дека глувците ѝ сториле досега многу штета. На крајот боговите решаваат да гледаат без да се мешаат. Битката започнува, и Глувците надвладуваат. Зевс ги повикува раковите на помош за да се избегне целосно уништување на жабите. Немоќни да се борат против оклопот на раковите, Глувците се повлекуваат, и еднодневната бвојна завршува на зајдисонце.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads