Башкортостан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Башкортостан
Remove ads

Башкортостан (башкирски: Башҡортостан; руски: Башкортостан; татарски: Башкортостан) — автономна република во составот на Руската Федерација.

Повеќе информации Башҡортостан РеспубликаһыРеспублика Башкортостан Република Башкортостан Знамето на Башкортостан Грбот на Башкортостан Знаме Грб, Положба во Русији ...
Thumb
Главниот град Уфа
Thumb
Реката Белаја
Thumb
Башкир во носија, 1910 г.
Remove ads

Географија

Башкортостан е сместен во делот од Јужен Урал.

Часовен појас

Башкортостан е сместен во Екатеринбуршката часовен појас[5] (YEKT/YEKST). UTC разлика од +0500 (YEKT)/+0600 (YEKST).

Реки

Постојат преку 13.000 реки во оваа република. Од кои најголеми се:

  • Белаја (1,430 км)
  • Уфа (918 км)
  • Сакмара (760 км)
  • Ик (571 км)
  • Дјома (556 км)
  • Ај (549 км)
  • Јурузан (404 км)
  • Бистар Тануп (345 км)
  • Сим (239 км)
  • Нугуш (235 км)
  • Таналик (225 км)
  • Ѕилим (215 км)
  • Сјун (209 км)

Езера

Постојат преку 2.700 езера и резервоари. Најголеми се:

  • Асиликул (23,5 км2)
  • Кандрикул (15,6 км2)
  • ургун (12,0 км2)
  • Павловски Резервоар (120,0 км2)
  • Нугушкојски Резервоар (25,2 км2)

Планини

Башлортостан содржи делови од јужниот Урал и други планини, од кои најголеми се:

Природни богатства

Башкортостан е најбогатата земја во Русија со минерали. Најмногу има наоѓалишта на: нафта, природен гас, јаглен, од металите има на манган, хром, од неметалите има на (кристали, флуорит, сулфур пирит, барит, силикат, азбест, а од природните камења се (малахит, жад, гранит).

Башкортостан е исто така богата со извори на минерална вода, лековита, и вода за пиење.

Клима

  • Просечна годишна темперутура: 0.3 °C (планини) to 2.8 °C (низина)
  • Просечна јануарска температура: -16 °C
  • Просечна јулска температура: +18 °C
Remove ads

Историја

Thumb

Подрачјето на денешниот Башкортостан некогаш била т.н. „Велика Хунгарија“ (-{Magna Hungaria}-), татковина на денешниот унгарски народ. Исламот продрел меѓу нив во X век и до XIV век станал доминантна религија. Џингис Кан околу 1220 година завладеал со Башкортостан. Под монголско владеење Башкирите биле до средината на XVI век, кога нивните племенски поглавици доброволно се приклучиле кон царството на Иван Грозни. Губернија во Уфа е основана 1865 година додека Автономната Башкирска советска република настанала во 1919 година. На 25 февруари 1992 година територијата го добила сегашното име: Република Башкортостан.

Remove ads

Население

  • Население: 4.104.336 (2002)
    • Урбано: 2.626.613 (70,8%)
    • Рурално: 1.477.723 (29,2%)
    • Maжи: 1.923.233 (46,9%)
    • Жени: 2.181.103 (53,1%)
  • Жени на 1000 мажи: 1.134
  • Просечна старост: 35,6 г
    • Урбано: 35,2 г
    • Рурално: 36,4 г
    • Maжи: 33,4 г
    • Жени: 37,7 г
  • Домаќинства: 1.429.004 (со 1.066.649 жит.)
    • Урбани: 931.417 (со 2.592.909 жит.)
    • Рурални: 497.587 (со 1.473.740 жит.)
  • Наталитет (2005)
    • Раѓања: 44.094 (10,8)
    • Умирања: 57.787 (14,2)
  • Етнички групи

Според последниот руски попис од 2002, во Башкортостан најмногу живеат Руси и Башкири. Следува табела на пописите од 1926, па до последниот:

Повеќе информации попис 1926, попис 1939 ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads