Бајрак (планински врв)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бајрак (планински врв)
Remove ads

Бајракпланински врв на планината Караџица на планинскиот масив Мокра во Република Македонија. Всушност, Бајрак претставува планински гребен кој се издигнува над преслапот Празни Торба воедно претставува и вододелница помеѓу долините на Маркова и Кадина Река, при што со својата поставеност од запад кон исток прави течението на Кадина Река одеднаш од правец југ-север остро под прав агол да го промени правецот кон исток. Највисоката точка изнесува 1.527 метри надморска височина, додека кон малото разгранување на север се котите 1.512 и 1.398 по што се поврзува со врвот Крст (1.402) i 1.422 метри кон исток. Самиот гребен и врв Бајрак е всушност највисокиот врв на огранката Темна Бука која ги поврзува Караџица на запад и Китка на исток. Врвот и гребенот Бајрак се наоѓа во права линија на југ од селото Цветово и веднаш наспроти Планинарски дом „Караџица“.

Повеќе информации Бајрак ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads