Белата Земја (Пепелиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Белата Земја или Трнчеархеолошко наоѓалиште во неготинското село Пепелиште. Претставува населба од неолитското, населба со некропола од римското време и средновековна некропола. На 2 км југозападно од селото, непосредно до коритото на реката Вардар, од двете страни на каналот за наводнување, во нивите на ЗИК „Повардарје“ има фрагменти од неолитска керамика, куќен лепеж и орудија од камен и кремен. Во истиот комплекс, во нивата на еден жител се пронајдени гробови со конструкции од камени плочи - тип циста, а по површината фрагменти од керамички садови премачкани со убав фирнајс, фрагменти од питоси, разновиден градежен материјал и делови од архитектонска пластика. На микролокацијата Стреа во 1980/90 година Народниот музеј од Неготино и Институтот за истражување на старословенската култура од Прилеп извршиле ископување при што се истражиле и документирале 100 гроба од типот циста, со мошне гробен инвентар. Некрополата егзистирала од крајот на X до крајот на XI век.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads