Белене

From Wikipedia, the free encyclopedia

Беленеmap
Remove ads

Белене (бугарски: Белене) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белене во Плевенската Област. Има население од околу 7.144 жители (2022).[1]

Кратки факти Белене Белене, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Белене се наоѓа на 60 km во североисточен правец од регионалниот центар Плевен и во близина на градот Свиштов - 26 km. Другите блиски градови се Никопол - 37 км западно од Белене и Левски на југ - 46 км. Градот се наоѓа во северно-централниот дел на Дунавската Рамнина, на десниот брег на реката Дунав во плодната Свиштовско-Беленска Низина.

Историја

Белене бил прогласен за град во 1964 година, кој се слави секоја година во првата недела од септември со пазар и културни настани.

Градот е познат и по концентрациониот логор Белене на комунистичкиот режим, кој се наоѓа на островот Белене.

Проектот за јадрена централа „Белене“ беше во изградба 25 години е напуштен и се се наоѓа на 7 километри источно од градот.

Жителите на градот се христијани главно од католичка вероисповед. Во Белене има две католички цркви (една изградена во 1860 година и една изградена во 1874 година) и една православна (изградена во 1893 година).

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads