Белиц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Белиц (германски: Beelitz) — град во округот Потсдам-Мителмарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.
За селото во округот Штендал, видете Белиц (Саксонија-Анхалт).
Remove ads
Географија
Белиц се наоѓа 18 километри јужно од Потсдам и е опкружен од пространите борови шуми на Природниот парк Нуте-Ниплиц.
Сместен на стариот трговски пат од Берлин до Лајпциг, денес сојузниот автопат Б2, а исто така има пристап и до автопатот А9 преку два излези. Железничкиот сообраќај до Потсдам и Берлин е овозможен преку две железнички станици.
Историја
Декрет од 997 на царот Отон Трети споменува населба со словенско име Белизи, иако ова име може да го означува и соседниот град Белциг.

Парохиската црква Св. Богородица и Св. Никола била првпат спомената во извештај од 1247 за крватата хостија, која го направила Белиц средновековно место на поклонение. Од 1370 хостијата била чувана во мала капела до црквата.[2][3] Причината за поранешното име на Јиденберг (преименувано во Фриденсберг по 1945) не е потврдена, но се претпоставува дека тоа било место каде се палеле Евреи.[4]
Во 1731, кралот Фридрих Вилхелм Први создал гарнизон во Белиц и дури и денес градот е дом на команда на Бундесверот.
Селото Канин, градска единица на Белиц од 2001, било енклава на Изборното кнежевство Саксонија до 1815 и поради тоа познато место за криумчарење, како и одредиште за десертери од пруската армија. Црквата била започната во 1138 и денес е најстарата зачувана црква во рамки на Бранденбург.
Во 1928 телефонска компанија изградила радиостаница во селото Шенефелд за безжична комуникација со Северна Америка. Заедно со предавателот во Науен биле преземени од Кралската пошта во 1932. По Втората светска војна станицата била користена од поштата на ГДР, додека не била исклучена во 1991.
Remove ads
Белиц-Хајлштетен

Белиц-Хајлштетен, единица во градот, е дом на голем клинички комплекс од околу 60 згради, вклучувајќи когенеративна централа изградена во 1898 според плановите на архитектот Хајно Шмиден. Првично изграден како санаториум, комплексот од почетокот на Првата светска војна бил воена болница на Германската царска армија. Во текот на октомври и ноември 1916, Адолф Хитлер бил лечен во Белиц-Хајлштетен откако бил ранет во ногата во Битката на Сома.
Во 1945, Белиц-Хајлштетен бил окупиран од Црвената армија и комплексот останал советска воена болница до 1995. Во декември 1990 Ерих Хонекер бил примен во Белиц-Хајлштетен откако бил приморен да даде оставка како претседател на владата на Источна Германија.
По советското повлекување биле направени обиди да се приватизира целиот комплекс, но не биле целосно успешни. Некои делови на болницата останале во употреба како невролошки центар и како центар за истражување и нега на жртвите од Паркинсонова болест. Остатокот од комплексот, вклучувајќи ги операциските сали, психијатрискиот оддел и стрелиштето биле напуштени во 2000. До 2007, ниедна од напуштените болнички згради или околината не биле обезбедувани, со што областа дава чувство на град на духови. Ова го направило Белиц-Хајлштетен одредиште за љубопитни посетители и филмски сет за филмови како Пијанист во 2002, музички спот на Rammstein[5] Mein Herz brennt и Валкира во 2008.
- Поранешниот санаториум
- Павилјон В II
- Операциски павилјон
- Операциски павилјон
- Кујна
- Пералница
- Павилјон В IV
- Павилјон В IV
- Павилјон В IV
Меѓународни односи
Белиц е збратимен со:
Ратинген, Северна Рајна-Вестфалија, Германија од 1990
Алфтер, Северна Рајна-Вестфалија, Германија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads