Беличка Река (Пиринска Македонија)
река во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Беличка Река (бугарски: Белишка река) — река во Разлошко (Општина Белица), Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 22,9 км.[1]
Оваа статија се однесува на река во Пиринска Македонија. За други истоимени реки, погл. Беличка Река (појаснување).
Реката извира од Чернополјанското Езеро источно од врвот Черна Полјана на Средна Рила, на надморска височина од 2.397 м. Најпрвин се води под името Карааланица (Чернополјанска Река). По целото течение оди во јужен правец, а по приодот кон летувалиштето Семково долината ѝ е тесна и силно пошумена. Во подрачјето на месноста Стеници тече низ клисурна долина; откако ќе излезе од неа, долината се проширува и се појавуваат речни тераси. Завршува како десна притока на Места, на 768 м.н.в., некаде кај последните куќи на селото Краиште.
Сливот на реката зафаќа 134 км2, што претставува 3,89 % од вкупниот слив на Места.
Главни притоки: → лева, ← десна
- ← Голема Узуница
- ← Динков Дол
- → Вапска Река (Вапата)
- → Вотрачка Река (Вотрчка Река, најголема)
Средниот годишен истек во устието изнесува 1,49 м3/с. Најполноводен месец е мај, а најслабоводен е септември.
Единственото населено место по течението на реката е градот Белица, по кој е наречена самата река.
Водите од горното течение на Беличка Река преку канал се насочуваат на исток во вештачкото езеро Белмекен и се користат за производство на струја и наводнување. Во долното течение дел од водите и се користат за наводнување на малите земјоделски површини сместени по нејзините речните тераси. Над градот Белица по долината на реката има изградени неколку рибници за пастрмка.
По левиот брег на реката, во најдолното течение, на растојание од 3,5 км минува целиот потег на патот III-8406 кој ја поврзува Белица со остатокот од земјата.
Remove ads
Карти
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads