Белмужијада

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Белмужијада е стопанско-туристичка и културна манифестација која се одржува во Сврљиг (Србија) и е посветена на белмуж. Се одржува од 2006 година, започнува во првиот викенд на август и трае три дена.[1] Покровител на манифестацијата е општина Сврљиг, а организатор е Центарот за туризам, култура и спорт на општина Сврљиг.[2] Се одржува на спортскиот полигон „Пастириште“, покрај Сврљишки Тимок.[3] Манифестацијата во текот на три дена ја посетуваат преку 60.000 луѓе.[4]

Remove ads

Белмуж

Thumb
Традиционална подготовка на белмуж, во котле

Белмуж е традиционален специјалитет направен од младо овчо, кравјо сирење и проино брашно, кој се сервира топол.[5] Според некои толкувања, белмужот го добил името по белото сирење и по тоа што честопати го подготвувале мажи, затоа што за непрекинато мешање на смесата во казанот потребна е силна машка рака.[6] Белмужот се наоѓа на списокот на нематеријално културно наследство на Србија.[7]

Remove ads

Програма на манифестацијата

Централен настан на манифестацијата е натпреварот во подготовка на белмуж.[8] Програмата на Белмужијата ја сочинуваат и пропратни манифестации како што се избор на најубава овчарка, домашни занаети, стари сврљишки јадења, овчарски игри и културна програма.

За посетителите е подготвена богата музичко-забавна програма, од домашни изведувачи на изворни песни, фолклор од Сврљиг, Ниш, Бугарија, Македонија, Грција, гајдаџии од Србија и околните земји, до концерти на познати пејачи и групи.[5]

Remove ads

Концерти на пејачи

Повеќе информации Белмужијада, година ...

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads