Бело-црвено-бело знаме
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бело-црвено-бело знаме (белоруски: Бел-чырвона-белы сцяг) е поим со кое се именува националното и историско знаме на Белорусите[1], официјално знаме на Белоруската Народна Република (1918—1919), а во 1991—1995 официјално знаме на Република Белорусија. Знамето е со размер од 1:2 и е составено од три еднакви ленти во бела, црвена и бела боја.
Remove ads
Историја
Белоруска Народна Република
Во 1918, во услови на германска окупација на БНР, симболи на државата биле ова знаме и грбот од Пахонија. На 11 август во списанието „Волнаја Беларус“ («Вольная Беларусь») бил издаден првиот официјален опис на белоруското знаме и грб.
Меѓувоен период
Ова знаме било активно употребувано од белоруското национално движење во Западна Белорусија, како од политичките движења како Белоруската христијанска демократија, така и од неполитички општествени организации како на пример Општество на белоруските школи.[2].
Современ период
19 септември 1991, Врховниот совет на Република Белорусија го донел законот за „Државното знаме на Република Белорусија“[3], со што се утврдило белото-црвено-бело знаме.
На 14 мај 1995 по иницијатива на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пил спроведен првиот референдум во независна Белорусија. На референдумот биле поставени 4 прашања, меѓу кои две биле за грбот и знамето на Белорусија. По референдумот, за новите грб и знаме се изјасниле 75,1 % од гласачите, а против 20,5 %.[4]. Според поголем број Белоруси, резултатите и самиот референдум биле против Уставот и постоечките закони[5][6][7][8].
Remove ads
Наводи
Поврзано
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads