Бел штрк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бел штрк (науч. Ciconia ciconia) — птица од редот штркови (Ciconiiformes) кој е составен од таканаречените долгоноги птици во кои освен штрковите, припаѓаат и ибисот, белата чапја и други.
Remove ads
Изглед
Белиот штрк е добро познат и лесно препознатлив по своите бели пердуви, црни врвови на крилјата и опашката, долги нозе и долг црн клун. Живее во мочуришта, влажни и поплавни подрачја до реки и езера, а гнездата освен на дрвјата, често ги свива и во населби, на покриви на куќи или електрични столбови. Храна бара или во плитка вода или во тревници, а најчесто јаде жаби, големи бубачки, но и гуштери, млади птици и глодачи. Се огласува со клопот на клунот.
Remove ads
Размножување
Во големо гнездо женката снесува пет јајца. За јајцата како и за младите птички, се грижат двата родители. Летаат бавно, но издржливо и во лет можат да поминат големи оддалечености.
Распространетост

На есен се селат во Африка и Индија каде што презимуваат. За време на селидбата често едрат на топли воздушни струи (термали). Голема опасност за овој вид, како и за сите мочуришни птици, претставува сушењето на мочуриштата и големата употреба на пестициди.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads