Бенц (Узедом)

Место во Мекленбург-Ворпомерн, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бенц (Узедом)map
Remove ads

Бенц (германски: Benz; полски: Benice[2]) — општина на островот Узедом во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Областа на општината била населена уште од камено доба, додека првото споменување на селото потекнува од 1229 и низ годините, неколкупати ја променило сопственост, вклучувајќи ги Шведска и Прусија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Бенц во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд ...

Било познато место за посетители, поради нејзината сликовита местоположба помеѓу ридови и езера, сликовитата ветерница, старата црква Св. Петар и гробови на познати луѓе, како германскиот сликар Ото Нимајер-Холштајн. Ветерницата, Ерхолердермиле, која била во употреба до втората половина на XX век е отворена за јавноста. Делови од црквите потекнуваат од XV век.

Низа на слики и графики од Лионел Фејнингер го носат името Бенц. Создал многу графики и слики на места во Бенц. Прошетката низ градот ги води посетителите на тие места. Патеката е обележана со плочи во земјата, дозволувајќи и самоводење. Фејнингер продолжил да го употребува местото за работа до неговата смрт, и покрај тоа што се вратил да живее во САД.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads