Берде (поранешен округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бердекрајс (германски: Bördekreis) — поранешен округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во правец на стрелките на часовникот) Оре, слободниот округ Магдебург, Шенебек, Ашерслебен-Штасфурт, Кведлинбург, Халберштат и округот Хелмштет во Долна Саксонија.
Remove ads
Историја
Округот бил создаден во 1994, кога двата окрузи Ошерслебен и Ванцлебен се споиле. Двата претходни окрузи биле создадени во 1816, во време на Прусија и настанале само мали промени низ времето до моментот на нивното спојување во новиот округ.
Географија
Округот го има името од областа во која се наоѓа, Магдебургер Берде. Поради плодната почва развиено е земјоделството.
Највисоката точка е Хајдберг (211 м), источно од Зомерсдорф. Постојат неколку мали реки во округот, најпознатата е Алер.
Грб
![]() |
Грбот ги покажува двата симбола за земјоделската историја на округот, срп и пченица. Кривата линија ги симболизира многуте мали реки во округот. |
Градови и општини
Надворешни врски
- Службена страница на новиот округ Берде Архивирано на 5 април 2007 г. (германски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads