Берзенбрик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Берзенбрик (германски: Bersenbrück; долногермански: Bessenbrügge) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 30 километри северно од безокружниот град Оснабрик.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинската заедница.
Remove ads
Географија
Местоположба
Берзенбрик се наоѓа помеѓу ридските масиви Анкумер Хее и Дамер Берге на реката Хазе.
Градски единици
Градот е составен од следниве единици:
- Ахаузен-Зитер
- Бокел
- Хаструп
- Хертман-Лобек
- Пригенхаген
- Талге
- Волтруп-Веберген
Клима
Градот е под влијание на мешана морска клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море. Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 23 избрани членови од три различни партии. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.
Градоначалник
Од 2013 година, градоначалник на Берзенбрик е Кристијан Клич (CDU).
- Досегашни градоначалници
- 2013–денес: Кристијан Клич (CDU)
- 2005–2013: Харалд Кројтер (CDU)
- 2001–2004: Ренате Хилсман (CDU)
- 1981–2001: Валтер Зандбринк (CDU)
Збратимени градови
Берзенбрик е збратимен со следниве градови:
Remove ads
Познати луѓе
- Ханс-Герт Петеринг (р. 1945) — политичар
Галерија
- Локалниот музеј во поранешна воденица
- Парохиската црква
- Железничката станица
- Поранешниот манастир
- Градското собрание
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads