Бернско планинско куче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бернското планинско куче (германски: Berner Sennenhund) припаѓа на крупната раса на кучиња, со потекло од Швајцарските Алпи.Се нарекува и Бернер (англиски назив: Berner или Bernese) поради подрачјето од каде потекнува, имено, од кантонот на Берн. Ова планинско куче отпрвин се чувало како чувар на фармите а во минатото биле користени и како запрежни кучиња а понекогаш служел за влечење на млекарските колички. Расата официјално била воспоставена во 1907.[3] Во1937 било признато од страна на Американскиот кинолошки сојуз;[4] Денес истото се рангира како работно куче.[5] Најмногу ги имало јужно од Берн, во подрачјето Дурбах, па луѓето го нарекувале Дурбахлер[6]. Во 1990 година било прогласено за Швајцарско национално куче, а во 1908 година го добило името Бернско планинско куче.

Remove ads
Особености
Изразената глава на делот на челото му е сплескана. Има силна муцка. Кафените очи пленат со палав поглед. Опашката му е доста влакнеста, но не е свиткан. Влакната му се меки, мазни и долги, лесно брановити, но не кадрави. Има сјајна црна боја, со кафени полиња по лицето, над очите и на долните делови на нозете. На градите, на крајот на опашката и на шепите има бели пеги. Заради својата раскошност влакната бараат грижлива нега.
Remove ads
Темперамент
Кучето има добар темперамент, добродушно е и се приврзува за семејството. Пријателски е расположено кон домашните животни кои ги чува. Ги извршува послушно зададените обврски и лесно се дресира. Добро го поднесува студот и може да спие на отворено. Сака отворен простор и затоа не е погоден за урбани средини и чување внатре во домот. Но поради благиот карактер умее да се прилагоди на секакви услови.
Remove ads
Здравје
Спаѓа во издржливите раси на кучиња но има релативно краток животен век. Кога ќе наполни 7-8 години веќе се смета за зтаро. Некои слични раси имаат поголем животен век, над 10 години.[7] најчесто се разболува од рак, но и ревмата е доста застапена.[8]. Во САД и Канада, скоро половина Бернски планински кучиња умираат од рак.[9] Најдолг век на некој Бернер е забележан во 2004, во Англија (15,2години).[10] Артритис кај Бернското куче се појавува и кога е млад, 4-5 години.
Накусо, Бернското планинско куче е со нежно здравје така да му треба нега и внимание.
Староста на Бернското планинско куче | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
Старост на човекот | 14 | 22 | 31 | 40 | 49 | 58 | 67 | 76 | 85 | 94 | 100 |
Надворешни врски
![]() |
„Бернско планинско куче“ на Ризницата ? |
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads