Бершки Гладбах
град во Северна Рајна-Вестфалија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бершки Гладбах (германски: Bergisch Gladbach) — град во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија, и седиште на Рајнско-бершкиот округ

Remove ads
Географија
Градот е сместен источно од реката Рајна, околу 10 километри источно од Келн.
Историја
Бершки Гладбах го дели првиот дел од името со историското подрачје Берг во кое се наоѓа, иако самиот во денешен облик е основан дури во 1856 г.
На почетокот на XII век на подрачјето се доселиле грофовите од семејството Берге. Следниот век во него никнале селски населби. Берг подоцна станал војводство, а потоа и големо војводство под наполеонска власт.
Вториот дел од името доаѓа од поимите gelaat (кој подоцна станал glad) и bach, што на месниот долногермански дијалект значи „канализиран поток“ и се однесува на рекичката Штрунде.
Во 1975 г. во состав на гратчето влегло и соседното место Бенсберг. По две години, во 1977 г. населението достигнало 100.000 жители и Бершки Гладбах стекнал официјален статус на град.
Remove ads
Стопанство
Најзастапени стопански дејности во градот се производството на хартија, печатарството, производството на стаклена волна, чоколади и висока технологија.
Збратимени градови
Бершки Гладбах е збратимен со следниве градови:
Бургоан Жалје, Франција (1956)
Лутон, Велика Британија (1956)
Велзен, Холандија (1956)
Жоанвил ле Пон, Франција (1960)
Ранимид, Велика Британија (1965)
Маријамполе, Литванија (1989)
Лимасол, Кипар (1991)
Пшчина, Полска (1993)
Бејт Џала, Палестина (2010)
Ганеј Тиква, Израел (2012)
Познати личности
- Валдемар Хенрици (1878-1950) — генерал-потполковник и водач на Државната трудова служба
- Армин Фалк (р. 1968) — економист
- Георг Кох (р. 1972) — фудбалски голман
- Хајди Клум (р. 1973) — манекенка и водителка
- Каролин Кебекус (р. 1980) — хумористка, пејачка и глумица
- Тим Визе (р. 1981) — фудбалски голман и борач
- Фабијан Хамбихен (р. 1987) — спортски гимнастичар
- Матс Хумелс (р. 1988) — фудбалер
- Бастијан Очипка (р. 1989) — фудбалер
- Тибор Плајс (р. 1989) — кошаркар во НБА за „Јута џез“
Remove ads
Средни училишта во градот
- Гимназија „Алберт Велики“
- Гимназија - Херкенрат
- Гимназија „Никола Кузански“
- Гимназија „Ото Хан“
- Гимназија „Дитрих Бонхефер“
- Интегрирано здружено училиште - Пафрат
Поврзано
- Бершки крај
- Рајнска Област
- Рајнска Покраина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads