Велбуждска битка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Битката кај Велбужд (бугарски: битка при Велбъжд; српски: Битка код Велбужда) е битка што се случила меѓу бугарските и српските војски на 28 јули 1330 година, во близина на градот Велбужд (денешен Ќустендил).[5]

Кратки факти Битка кај Велбужд, Датум ...
Remove ads

Битката

Thumb
Карта на Балканот во 1355. Србија ја достигнала најголемата експанзија после битката кај Велбужд.

Зголемената моќ на Српското Кралство од крајот на 13 век предизвикала сериозна загриженост кај традиционалните балкански сили Бугарија и Византиското Царство кои се согласиле за заеднички воени акции против Србија во 1327 година.[6] Три години подоцна најголемиот дел од бугарските и српските војски се судриле кај Велбужд и Бугарите биле изненадени. Српската победа го обликувала односот на силите на Балканот во следните две децении. Бугарите не изгубиле територија по битката, но не биле во можност да го запрат српскиот напредок кон Македонија. Србија успеала да ја освои Македонија и делови од Тесалија и Епир достигнувајќи најголема територијална експанзија дотогаш. Нивниот нов крал Стефан Душан бил крунисан за император со бугарска помош во 1346 година.

Сепак, неколку децении по смртта на Душан во 1355 година, неговата империја се распаднала како и Бугарија по смртта на Јован Александар во 1371 година и двете држави биле уништени од отоманските Турци.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads