Битка кај Манцикерт (1071)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Битката кај Манцикерет се случила на 26 август 1071 година од страна на византиската војска, предводена од цар Роман IV Диоген (1068-1071) и Селџуците предводени од султанот Алп Арслан. Битката се водела на територијата помеѓу градот Манцикерет и езерото Ван. Битката завршила со заробувањето на царот Роман IV Диоген], а со тоа и Византија била поразена.
За други значења на поимот, погл. Битка кај Манцикерт .
Во оваа битка, двете војски користеле различни техники на војување. Византија користела пешадија поддржувана со тешка коњаница, а турските селџуци располагале со лесна коњаница со стрелци.
Оваа битка, многу често се нарекува уште и Катастрофата кај Манцикерет. Исто така, оваа бита честопати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото внатрешно раководство. Вкупниот број на убиени војници во оваа битка од страна на Византија изнесува околу 10 000.
Remove ads
Занимливости
Џамијата „Чамлиџа“ во Истанбул — најголема во земјата — има минариња високи точно 107,1 м во спомен на оваа битка.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads