Бланца (Севница)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бланца (Севница)
Remove ads

Бланца (словенечки: Blanca) — населба на левиот брег на реката Сава во Општина Севница во централна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Долна Штаерска. Населбата сега е вклучена во Посавскиот статистички регион.[1] Населбата го опфаќа маалото Агреж на запад и селата Сухо и Врхек на североисток. Железничката линија од Љубљана до Загреб минува по левиот брег на Сава, а во населбата има и мала железничка станица.

Кратки факти Бланца Blanca, Држава ...
Remove ads

Етимологија

Бланца за прв пат се споменува во историски записи во 1309 година како Бланиц (Blanitz). Името потекнува од Blanica, деминутив на застарената именка blana (чешки blana „ливада, пасиште“).[2]

Историја

Праисториски гробни могили биле пронајдени во областа во 1892 година, што сведочи за рано населување на областа. Во 1874 година било основано училиште. За време на Втората светска војна, траект преку Сава во Бланца бил користен за главен контакт со партизанските единици во Долна Штаерска. Во 1949 година бил изграден граѓански центар, а во 1954 година пожарна. Населбата со проточна вода се снабдувала од акумулацијата Лопатец во 1966 година.[3]

Remove ads

Хидроцентрала

На реката Сава од периодот помеѓу 2005 и 2008 година беше изградена хидроцентрала во близина на населбата. Таа има просечен годишен капацитет од 144 GWh, што одговара на приближно 1% од сегашното производство на електрична енергија во Словенија.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads