Борнејска мачка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Борнејска мачка
Remove ads

Борнејска мачка (лат. Pardofelis badia) е еден вид на мали мачки, која е ендемска врста на островот Борнео. Класифицирана е како загрозен вид поради големиот пад на популацијата предизвикан од губење на живеалиштата.

Кратки факти Борнејска мачка, Заштитен статус ...
Thumb
Борнејска мачка
Remove ads

Опис

Thumb
Илустрација на борнејска мачка

Наликува многу на азиската златна мачка, но е многу помала од неа. Крзното и е светло кафевкасто по боја . Опашката и е долга и зашилена на крајот, а на неа има голема бела лента. Ушите и се заоблени.

Помеѓу 1874 и 2004 година биле измерени само дванаесет примероци. Должина на телото се движела од 49,5 до 67 сантиметри, додека на опашката 30-40, 3 сантиметри. Се претпоставува дека возрасните единки тежат околу 3-4 килограми, но премалку единки се измерени за да се добие посигурна проценка.

Главата и е кратка и заоблена, со темно сива боја и има две темни ленти од аголот на секое око. На задниот дел од главата има темна дамка во форма на буквата "М". Пропорциите на телото и многу долгата опашка и даваат на оваа мачка изглед кој потсетува на јагуарунди.[1]

Remove ads

Екологија и однесување

Таинствениот и ноќен начин на живот, а можеби и малата густина на популацијата на борнејската мачка се можни причини зошто е многу тешко да се види. Ништо не е познато за нејзината исхрана и репродуктивно однесување.[1]

Живеалиштето на борнејските мачки се шуми и мочуришни подрачја. Освен на островот Борнео во Индонезија, се среќава и во Малезија и Брунеј.

Во периодот меѓу 2003 и 2006 година била снимена само една фотографија на борнејска мачка и тоа во тек на 5034 ноќи.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads