Брадест мршојадец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Брадест мршојадец
Remove ads

Брадестиот мршојадец (Gypaetus barbatus), уште познат и како коскобер е граблива птица, единствен член на родот Gypaetus. Живее на високите планини во јужна Европа[2][3][4], Африка[5], Индија и Тибет. Се среќава и во Македонија. Успешно е повторно населен на Алпите, но сепак е една од најретките грабливи птици во Европа. Како и другите мршојадците и коскоберот се храни со мртви животни, но често не го јаде месото зашто коскената срж ја сочинува неговата главна исхрана. Големите коски ги фрла од големи височини за да ги искрши на помали делчиња. Понекогаш фрла и желки за да им го искрши оклопот.

Кратки факти Брадест мршојадец, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

За разлика од другите мршојадци, главата на коскоберот не е без перје, а вратот им е силен и набиен. Оваа огромна птица е долга 95-125 см, со распон на крилјата од 2,31 до 2,83 метра[6], и тежина од 4,5 до 7,8 килограми. Во лет, се разликува од другите мршојадци по своите тесни крилја и заострена опашка. Тежок е 4,5-7,5 килограми. Женките се малку поголеми од мажјаците.[7] Возрасните единки имаат жолтеникаво тело и глава и црни „мустаќи“. Понекогаш се посипуваат со кал по телото и добиваат црвеникава нијанса. Опашката и крилјата му се сиви. Младенчињата се целосно темнокафени, дури црни и им треба околу 5 години за да постигнат целосна зрелост. Брадестиот мршојадец не се огласува, освен продорниот свиреж што го испушта кога е во близина на гнездото. Овие птици се долговечни и можат да доживеат 40 години во заробеништво.

Живеалиште

Коскоберот живее исклучително во планински предели, од 500 до 4000 м надморска височина. Тоа е единствена птица што е видена на 7 300 м. Опфаќа широка територија и може да прелетува во потрага по храна 2 квадратни километри дневно.

Размножување

Периодот на размножување на брадестиот мршојадец е променлив. Од декември до септември се пари во Евроазија, од ноември до јуни во Индискиот Потконтинент, октомври-мај во Етиопија, во текот на целата година во источна Африка и мај-јануари во јужна Африка. Иако е вообичаено осаменичка птица, врската помеѓу паровите е релативно блиска. Во поретки случаи е забелажана полиандрија (една женка со повеќе мажјаци). Територијалното и додворувачкото покажување на брадеститот мршојадец е спектакуларно и вклучува покажување на канџите, превртување и правење спирали во соло лет. Големите птици, во последните метри од летот се фаќаат со канџите и заедно паѓаат од небото до определена височина. Гнездото претставува голем куп стапчиња, околу 1 метар широко и 60 см длабоко кога го прават за првпат. Бидејќи го користат истото гнездо повеќепати, подоцна го прошируваат и може да достигне и до 2,5 метри ширина и 1 метар длабочина, покриено со разни остатоци од храна. Женката обично снесува 1 до 2 јајца, ретко 3, кои ги инкубира 53 до 60 дена. Кога ќе се испилат малечките остануваат во гнездото уште 100 до 130 дена додека да ги добијат пердувите и да се осамостојат. Младите се зависни од возрасните до двегодишна возраст. Вообичаено гнездата се наоѓаат на високи места, карпи или пештери, и се речиси недостапни за грабливци.

Remove ads

Статус

Коскоберот е чувствителен вид во Европа, но има голема популација во Азија и Африка, па затоа се смета за најмалку загрозен вид.

Легенди

  • Според една легенда старогрчкиот драматичар Есхил во 456 или 455 пне, умрел така што еден орел мислел дека неговата глава е камен, па фрлил желка врз него за да ѝ го скрши оклопот. Ако оваа приказна е вистинита, тогаш „орелот“ најверојатно бил коскобер.
  • Во Библијата/Тората, брадестиот мршојадец е меѓу птиците кои се забранети за јадење (Левит, 11:13).
  • Во 1945 година, Шимон Перес (во тоа време Шимон Перски) и Давид Бен-Гурион пронашле гнездо на брадест мршојадец во пустината Негев. Хебрејското име за птицата е „перез“, па на Шимон толку му се допаднало што си го зел за свое презиме.[8]
  • Во Иран, коскоберот се смета за чувствителен вид, а во иранската митологија птицата е симбол на среќа. Се верува дека ако сенката на птицата падне врз некого, тој ќе стане моќен.[9]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads