Брајчинска Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Брајчинска Рекаmap
Remove ads

Брајчинска Река (локално: Стара Река) — река во Македонија, сместена на западните падини на планината Баба, југоисточно од градот Ресен.[1]

Кратки факти Брајчинска Река Стара Река, Местоположба ...

Поминува низ селото Брајчино, од каде и го добила своето име. Реката го дели селото на два дела. На крајот се влева во Преспанското Езеро.[1]

Зафаќа сливно подрачје од 71,7 км2.[1]

Remove ads

Особеност

Реката е позната по ендемскиот вид на поточна пастрмка „брајчинска пастрмка“ (Salmo Pelistericus), која живее само во слатките води на оваа река.[2]

Воден потенцијал

На Брајчинска Река се изградени две хидроелектрани со различна моќност, со што се искористува големиот воден потенцијал, кој го поседува реката. Едната хидроелектрана е во сопственост на претпријатието „Мали хидроелектрани“ со годишно производство од 2.692,80 MWh.[3][4] Втората електрана е во сопственост на претпријатието „ПСС“.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads