Брежице
град во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брежице (словенечки: Brežice; германски: Rann[1]) — град во Општина Брежице во источна Словенија, во близина на хрватската граница. Градот е центар на општината Брежице. Областа историски била поделена помеѓу регионите Долна Штаерска (територија на левиот брег на реката Сава) и Долењска (територија на десниот брег на реката Сава). Градот и целата општина сега се вклучени во Посавскиот статистички регион.
Брежице поседува богатото историско и културно наследство. Музејот на Посавската долина (словенечки: Posavski muzej Brežice), сместен во замокот Брежице, содржи археолошки и етнолошки експонати, експонати за востанието на Матија Губец и колекција на модерна историја. Тој е еден од најголемите регионални музеи во земјата.
Remove ads
Историја

Околу областа на градот Брежице се откриени келтски гробови од 2 век пр.н.е. На локалитетот веднаш по доаѓањето на Словенците во областа била основана словенска населба наречена Градишче. Замокот во Брежице првпат се споменува во 1249 година. Сегашната структура датира од 1529 година.[2]
Брежице во текот на 15 и 16 век неколку пати било погодено од османлиските напади. Во 1515 година револтирани селани го нападнале замокот во Брежице, го запалиле и го убиле благородништвото што се засолнило во него.[3]
За време на Втората светска војна, Брежице и соседните села на север и запад биле познати како триаголник Ран (германски: Ranner Dreieck), област наменета за преселување на Германците кои биле иселени од регионот Готче на територијата која била припоена од Италија.[4][5]
Remove ads
Цркви
Црквата Свети Лоренс во Брежице првпат била спомната во историски документи од 12 век. Се наоѓала на брегот на Сава. Таа и соседните гробишта биле тешко оштетени од поплавите во 1781 година, кои исто така го смениле текот на реката, а сегашната црква била изградена во центарот на градот во 1782 година. Брежице е седиште на парохија од 1641 година. Втората црква во градот, изграденa во втората половина на 17 век, е посветенa на Сен Рох.[6]
Remove ads
Знаменитости

Замок Брежице
Замокот Брежице е главна туристичка атракција на градот, изграден е во текот на 16 век, а се наоѓа на левиот брег на реката Сава. Сега е музеј во кој се сместени неколку збирки и изложби. Во капелата на замокот има олтар од Лука Мислеј.
Водена кула
Водената кула во Брежице, висока 46 метри, е најистакнатата градба во градот и се смета за нејзин симбол. Изградена во 1914 година, таа била клучен дел од водоводниот систем на градот, сè додека не била заменета со нов резервоар во 1972 година, по што имала помошна улога до 1983 година. Денес во водената кула има паб.[7]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads