Брезничка Река

река во Неврокопско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Брезничка Река (бугарски: Брезнишка река) или Туфчарека во Неврокопско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 27 км.[1]

Кратки факти Брезничка Река Туфча, Местоположба ...

Реката извира од Горното Брезничко Езеро (на 2.587 м.н.в.) во Брезничкиот Цирк на Пирин. Најпрвин тече на југоисток, прави голем лак испакнат кон југ, свртува на североисток и стасува до с. Брезница. Во овој дел долината ѝ е длабока и добро пошумена. По селото свртува на југоисток и навлегува во долина со обесшумени и соголени страни. Се влева во десниот брег на Места, на 524 м.н.в., 1 км западно од селото Балдево.

Сливот зафаќа површина од 123 км2, што претставува 3,57 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки: → лева, ← десна

  • ← Јанколица
  • → Мишовска Река (Мишово Дере)
  • → Глоговица
  • → Речиште
  • ← Глобоштица
  • ← Маревска Река (најголема)

Средниот годишен истек кај с. Брезница изнесува 1,42 м3. Најполноводна е во мај, а најслабоводна во септември.

Селото Брезница во Општина Неврокоп (Г. Делчев) е единственото населено место по течението на реката.

Мал дел од водите на реката во нејзиното долно течение се користат за наводнување.

Remove ads

Карти

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads