Брест-литовски договор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Брест-литовски договор
Remove ads

Брест-литовскиот договор - мировен договор потпишан на 3 март 1918 година меѓу Централните сили (Германија, Австроунгарија, Бугарија и Османлиското Царство) и Русија. Со потпишувањето на договорот, Русија се повлекла од Првата светска војна.

Кратки факти Потпишан, Место ...

Русија, веднаш по Октомвриската револуција била принудена да склучи мир по цена на значителни територијални, демографски и економски загуби. Како резултат на договорот, Полска, Балтичките земји и Финска биле засекогаш изгубени за Русија, додека Украина, Белорусија и Кавказ преминале во германската сфера на влијание. Иако победиле на Источниот фронт, Централните сили не успеале да се спротивстават на Антантата и војната завршила со пораз во ноември истата година, по што Брест-литовскиот договор бил поништен. Благодарение на мирот со Германија и сојузниците, болшевичката влада на чело со Ленин се задржила на власт и подоцна успеала да опстои во нејзините борби против националистите и монархистите.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads