Бриош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бриош е пециво кое потекнува од Франција и личи на многу богат леб. Се прави на ист начин како и обичниот леб. Големата содржина на јајца и путер овозможуваат бриош да има богат изглед и нежно да крцка, а тоа му овозможува да се најде на бројни трпези ширум Франција за време на појадок или ужинка.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |

Remove ads
Иако постоеле многу дебати во брска со потеклото на зборот ,,бриош, денес е општо прифатено дека тој збор потекнува од францускиот глагол „broyer”.
Историја
Зборот „бриош“ првпат бил употребен во францускиот јазик во 1404 година, кога е опишан како „зачинет леб“. Во Франција се развил како тип на леб, унапреден, од времето на старите готвачи и пекарници, со малку путер, јајца, шеќер итн. Се развил од обичен бел, црвеникав леб кој со тек на време станал квалитетен, а со самото тоа и поскап. Сè повеќе и повеќе добил значење во 18 век бидејќи тогаш маслото се користело во голема мера. Пекарниците во тоа време успеале да произведуваат и до 250 кг бриош дневно, за време на пазарни денови.
Remove ads
Состојки
Тесто
- 40г квасец
- 500г брашно
- 100мл масло
- 50г шекер
- 2 јајца
- 200мл вода
- путер
- сол
Подготовка
Се става квасец во сад, се додава шеќер, брашно и вода, се меша и се остава да одстои 15 минути. Се додава масло, остатокот од шеќерот и заедно со изматените јајца се меша, се покрива со крпа и се остава 20-25 минути за тестото да се удвои во големина. Потоа се зема тестото, се меси и се остава да преноќи во фрижидер, се разделува на еднакви делови, обликувани во топки. Од секој дел се плетат мали плетенки. Подготвениот бриош се става да се пече премачкувајќи го со стопен путер во загреана рерна на 220 °C околу 20 минути, 5 минути пред крај бриош се премачкува со јајца за пецивото да добие златна боја и сјај.
Remove ads
Послужување
Бриош може да се послужи самостојно или како прилог со разни десерти за доручек или ужинка. Освен тоа бриош има и други улоги во кујната и може да биде служен со главно јадење или вечера.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads