Броме

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бромеmap
Remove ads

Броме (германски: Brome) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Оре, околу 25 километри североисточно од градот Волфсбург.

Кратки факти Земја, Местоположба на Броме во рамките на округот Гифхорн ...

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Remove ads

Географија

Местоположба

Општината Броме се наоѓа непосредно на покраинската граница со Саксонија-Анхалт. Заедно со општините Бергфелд, Ера-Лесин, Парзау, Риен, Тидише и Тилау припаѓа на истоимената општинска заедница. Низ местото тече реката Оре.

Општински единици

Кон општината припаѓаат следниве места:[2]

  • Алтендорф (188 жит.)
  • Бениц (88 жит.)
  • Броме (2.576 жит.)
  • Висведел (90 жит.)
  • Цихери (287 жит.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads