Бројчен белег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бројчен белег (нумерички белег) — својство на статистичките единици, чии варијации се изразуваат бројчено, било во соодветна единична мерка, било во интензитет или релативен број на белегот.[1][2]
Така, на пример, староста на населението се изразува во години, вредноста на производството во денари (апсолутни големини). Од друга страна, интензитетот на вработеноста го изразуваме во проценти на вработените во однос на вкупното или работоспособното население, интензитетот (степенот) на индустријализацијата како процент на индустриското производство во вкупното производство (релативни големини). Бројчените белези можат да бидат прекинати (дисконтинуирани) и непрекинати (континуирани).[3][4]
Remove ads
Прекинат бројчен белег е белег што може да земе само ограничен број на вредности т.е. варира во ограничен број на модалитети. Прекинатите белези најчесто се изразуваат само со цели броеви. Такви белези се: број на членови во домаќинствата, број на соби во станот, број на продадени автомобили и друго.
Remove ads
Непрекинат бројчен белег е белег што варира, така што може да ги земе сите вредности во ограничениот или неограничениот интервал. Такви белези се: староста на вработените, висината на платите, висината на студентите, обемот на производството, вредноста на извозот и слично.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads