Брчало

најдолгата дрвена цевка на гајдата From Wikipedia, the free encyclopedia

Брчало
Remove ads

Брчало[1][2]бордунска цевка, еден од аерофоничните музички елементи на гајдата.

Thumb
Гајдаџија со префрлено брчало преку рамо

Брчалото на гајдата ѝ дава една особеност - постојана бордунска придружба која се одразува во конечната звучно-интонативна емисија. Бордунот претставува стабилна интонативна подлога. Овој вид на музика (бордунска) е особеност за одредени области во светот меѓу кои и Македонија.[3]

Доколку гајдата има само брчало, таа е двогласна. Доколку има и слагарче таа е трогласна.

Remove ads

Опис

Брчалото е составено од три дела кои се навлекуваат еден во друг со што овозможуваат негово скратување и продолжување со што се постигнува посакуваната висина на тонот. Првиот дел во кој што влегува писката се нарекува пискарник, вториот среднак а третиот брчало.[3]

Брчалото константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката бrчалото произведува за две октави понизок тон од оној на гајдарката.

Брчалото обично се префрла преку рамото на гајдаџијата (прикажано на сликата), но може и да се остави да виси.

Remove ads

Повзрано

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads